Showing posts with label Irina Tosheva. Show all posts
Showing posts with label Irina Tosheva. Show all posts

Monday, June 30, 2014

Lotus Design Store: Промислен концепт или само концепт продавница?

Манекенка во дизајн на Стефанија Насеска;
извор: Lotus Design Store
Минатата недела македонската модна фела при-суствуваше на отворањето на новата концепт продавница Lotus Design Store којашто е сместе-на во скопскиот Сити Мол. Оние кои се редовни посетители на трговскиот центар веќе се запра-шуваат зошто ги користам зборовите нова и продавница кога веќе го виделе предок-катчето „Лотус Генерација“ на првиот кат, па еве да разјаснам - Lotus Design Store е всушност
„Лотус Генерација“, за еден кат погоре и за де-
сет квадратни метри поголемо.


Иако катчето не се наоѓа на идеалната локација којашто може да го намами окото на купувачите жедни по оригинална облека - крајното крило од вториот кат е резервирано за кино-фанатиците и куглачите, сепак обидот да се креира еден пого-лем изложбено-продажен центар кој ќе претста-вува „мини“ Мека со балкански дизајни е топло добредојден. Просторот сега претставува дом
на седумнаесет дизајнери од Македонија и по-блиските држави кои својата креативна сила ја насочуваат во дизајн на облека, накит и инова-тивен мебел.


Кога станува збор за нов проект од ваков вид во нашата држава, првото прашање кое се поставува од страна на секој е: „Има ли навистина оваа идеја иднина?“ Сопственичката на концептуалното катче, Анита Гај, тврди дека има. Според неа ваквите продавници се најдобриот начин за промоција и продажба на што поголем број домашни дизајнери бидејќи онлајн-шопингот кај нас е сѐ уште никулец, а во другите салони дизајните не
ја добиваат почитта што ја заслужуваат.


„Се давиме во океанот на производи од Кина и светски брендови за масовно производство кои засега се единствениот престиж што може да си го дозволи просечниот Македонец. Сметам дека е време македонската авангардна елита да почне да купува македонски дизајни бидејќи со тоа не само што ќе го редефинира “македонскиот престиж“, туку и ќе ги поттикне младите креатори
да се посветат на подобар квалитет и оригинален дизајн.“ - додава Гај.

Дел од атмосферата при отворањето на концептуалното катче; извор: Lotus Design Store
Сепак, богатата листа на дизајнери-учесници и нискиот процент на заработка од концептуалното катче на страна, идејата бара поголема медиумска изложеност и добра маркетинг стратегија до-колку се стреми кон голем успех. На отворањето присуствуваше само една третина од изложе-ните имиња што укажува на тоа дека повеќето не си ја сфаќаат сериозно одговорноста за про-моција, не беа официјално поканети сите медиуми и изложените производи не добија цени ниту следниот ден.

Но, на крајот од краиштата, она што е битно е дека концептуалната продавница - била покрај куглана или не - го виде светлото на денот, а од грешките постојано се учи и се подобрува.

Sunday, April 20, 2014

Ирина Тошева П/Л '14: Калеидоскопски поглед кон минатото

Ирина Тошева П/Л '14, фото: А.Д.
По нејзината најнова ревија, која како и секогаш се фокусира на едноставни парчиња чијшто печат е носливоста, дизајнерката Ирина Тошева беше „обвинета“ за комерцијализам. Да разјаснеме – комерцијализмот во светски рамки ретко се употребува во негативна конотација бидејќи примарната цел на модниот бизнис е да остварува профит, а во случајот на Тошева не може да се употреби во својата буквална смисла бидејќи дизајнерката изработува по најмногу три до четири дупликати од секое парче кое се нашло на модната писта без можност за масовно производство.

Можеби најсоодветниот термин за именување на нејзиниот стил – иако не сум љубител на етикетирањето, би бил минимализам на италијански начин. Тошева, исто како и своите колеги Бобан Илиевски и Александра Митковска, завршила моден дизајн во Италија кајшто се негуваат функционалноста и можноста парчињата да се носат во секоја прилика.

Тоа е токму она што дизајнерката ни го прикажа во пролетната колекција на Скопскиот моден викенд која главно се состои од комбинезони и кратки фустанчиња во впечатливи бои, надополнети со шарен дезен кој влечи инспирација од тапетите во седумдесеттите години и калеидоскопските геометриски фигури. Силната страна на колекцијата особено ја истакнуваат структуираните комбинезони со асиметричен дизајн на грбот – тренд што се појави и кај овосезонската колекција на Росица Мршиќ, нежните парчиња од ласерски сработен жоржет и кружните очила за сонце со поларизирани триаголни стакла кои се преливаат во различни нијанси.

Она што не е забележливо од далеку, а е битна нишка која ја пренесува приказната од едно на друго парче во колекцијата, е разнобојниот светкав конец на рабовите кој во добар дел го балансира недостигот од иновативни кроеви и симетрични силуети на одредени места доколку се одземат бојата и дезенот. Но, на крајот од денот, Тошева најдобро ја познава сопствената клиентела која е очигледно приврзаничка на впечатливиот минимализам и не ја интересира сложеноста на кроевите, па тоа сезона по сезона одлично ѝ го нуди.